Во Собранието денеска ќе се одржи 86. пленарна седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието Африм Гаши со новинарите.