Албанија, Хрватска и Косово планираат три заеднички воени вежби оваа година

Началникот на Генералштабот на војската на Албанија, Арбен Кинџи, изјави дека неговата земја, Хрватска и Косово ќе одржат три заеднички воени вежби оваа година, од кои две во Загреб и една во Тирана, објави вчера „Албаниан пост“. Тој рече дека ова е одлучено на состанок на началниците на генералштабовите на Загреб, Тирана и Приштина. „На овој состанок беа разработени сите детали од тригодишниот план за соработка за развој на трилатерални заеднички вежби“, рече Кинџи. Според него, планот за соработка вклучува не само заеднички вежби, туку и размена на искуства и подлабока оперативна координација. Министрите за одбрана на Хрватска, Албанија и Косово се состанаа претходно овој месец во Минхен, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, и разговараа за продлабочување на соработката во областа на одбраната, врз основа на меморандум потпишан минатата година. Загреб, Тирана и Приштина потпишаа меморандум за соработка во областа на одбраната и безбедноста на 18 март 2025 година.