Делови од неколку скопски општини денеска без струја

Делови од неколку скопски општини денеска без струја Филип Здравески 26.02.2026 / 08:02 Македонија Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат: · од 4:00 до 8:00 часот корисниците од населбите Бутел и Север во Општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир во Општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово во Ипштина Шуто Оризари; · од 7:30 до 15:30 часот корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника „Идадија“, Општина Центар; · од 8:00 до 16:00 часот корисниците од улицата „Тодор Чангов“, подулици бр. 10, 15 и 18, во Општина Аеродром; · од 9:00 до 13:00 часот корисниците од дел од улицата „Финска“ во Општина Гази Баба; · од 11:00 до 14:00 часот корисниците од улицата „Крагујевачка“ бр. 9 во Општина Карпош. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off