Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: Потрагата по исчезнатите е во тек Филип Здравески 26.02.2026 / 09:07 Свет Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жерајс се искачи на 46, соопштија пожарникарите во средата. Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа раселување на околу 3.600 луѓе, а 21 сè уште се водат како исчезнати. Градовите Жуиз џи Фора и Уба, оддалечени околу 110 километри, беа најтешко погодени, објави Reuters . Во Жуиз џи Фора, 11-годишниот Бернарду Лопес Дутра, една од жртвите на поплавите, беше погребан во средата. Неговиот татко, Рикарду Дутра, доби сочувство од роднини и пријатели, додека неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани. „Се обидувам да се соберам“, рече тој. Дождовите се намалија во вторникот вечерта, дозволувајќи им на властите и волонтерите да ги засилат напорите за да им помогнат на жителите кои останаа без покрив над главата и на нивните најблиски. Градоначалничката на Жуиз џи Фора, Маргарида Саломаун, ги повика луѓето што живеат во области со висок ризик да се евакуираат и да побараат помош во засолништата што ги обезбеди градската власт. Во градот останува на сила состојба на природна катастрофа. Бразилската федерална влада го забрза испраќањето помош и хуманитарни материјали во погодениот регион, вклучувајќи здравствени работници и експерти за национална одбрана. Massive flooding in Juiz de Fora, Minas Gerais, Brazil (25.02.2026) pic.twitter.com/lPHZAHDtKh — Disaster News (@Top_Disaster) February 26, 2026 „Без разлика колку се трудите, во одреден момент се чувствувате беспомошни. Сведочите на ваква ситуација – луѓе заробени под урнатини – и повеќе не можете да направите ништо, вашиот придонес е ограничен“, рече Налван Луис, пријател на момчето кое почина, на погребот. Unbelievable scenes from Brazil! Last night, a violent storm in Minas Gerais turned streets into rivers, destroying homes. The flooding was so powerful that even coffins were seen floating through the water. ? pic.twitter.com/1ocy0Q7iHV — Md.Sakib Ali (@iamsakibali1) February 26, 2026 поплави Бразил Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On