Сочен колач кој се топи во уста

Ако размислувате кој колач да го направите, нашиот предлог е сочен чоколаден колач со јаболка на која никој не може да одолее. Време за подготовка: околу 40 минути Време за печење: 25–35 минути Вкупно време: околу 1 час и 30 минути (со ладење и прелив) Состојки: Кора: 5 јајца кесичка прашок за пециво кесичка ванилин шеќер 30 грама какао 250 грама брашно 200 грама шеќер 200 мл масло Фил: околу 500 грама јаболка 150 г шеќер 100 мл вода рум 200 грама путер 100 г чоколадо За преливот: 400 мл слатка павлака 300 г чоколадо за готвење Подготовка: Изматете ја смесата за кората со матење на јајцата и шеќерот, додадете брашно, прашок за пециво, какао и масло. Печете на 200 степени околу 20 минути. Направете го филот со рендање јаболка, шеќер, путер, рум и чоколадо. Ставете го филот врз кората, а врз него ставете го растопениот чоколаден фил во павлаката за готвење. Оставете да се олади, а потоа исечете на еднакви делови.