Трамп: Роберт Де Ниро е болен и дементен човек, има екстремно низок коефициент на интелигенција

Трамп: Роберт Де Ниро е болен и дементен човек, има екстремно низок коефициент на интелигенција Филип Здравески 26.02.2026 / 09:56 Свет Американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше демократските конгресменки Илхан Омар и Рашида Тлаиб, како и актерот Роберт Де Ниро. „Кога ги гледате Илхан Омар и Рашида Тлаиб со низок IQ како неконтролирано врескаат синоќа на многу елегантно обраќање за состојбата на нацијата, толку важен и прекрасен настан, тие имаа испакнати, крвави очи како луди луѓе, ЛУДИ, ментално растроени и болни луѓе кои, искрено, изгледаат како да треба да бидат институционализирани. Кога некој може да се однесува така, а знаеме дека се скапани и корумпирани политичари, толку лоши за нашата земја, треба да ги вратиме таму од каде што дошле. Колку побрзо толку подобро. Тие можат само да им наштетат на Соединетите Американски Држави, не можат ништо да направат за да им помогнат“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Всушност, тие треба да се качат на брод со Роберт Де Ниро, уште еден болен и дементен човек за кој верувам дека има екстремно низок коефициент на интелигенција и нема апсолутно никаква идеја што прави или зборува, а дел од тоа е сериозно КРИМИНАЛНО! Кога го гледав како се расплакува синоќа, како дете, сфатив дека можеби е уште поболен од лудата Роузи О’Донел, која моментално е во Ирска обидувајќи се да сфати како да се врати во нашите прекрасни Соединети Држави. Единствената разлика помеѓу Де Ниро и Роузи е што таа е веројатно малку попаметна од него, што не е мал подвиг. Добрата вест е дека Америка е поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега, а тоа ги излудува“, заклучи Трамп. Доналд Трамп Роберт Де Ниро Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On