Нацистот од Мадрид доживотно суспендиран од натпреварите на Реал

Нацистот од Мадрид доживотно суспендиран од натпреварите на Реал Филип Здравески 26.02.2026 / 11:21 Фудбал Навивачот кој гордо правеше нацистички поздрав пред вчерашниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Бенфика доби доживотна забрана за влез на стадионот „Сантјаго Бернабеу“. Како што камерата се движеше снимајќи ги домашните навивачи, еден маж трипати го направи Хајл Хитлер поздравот кон камерата. Одговорните лица брзо го идентификувале човекот и тој експресно доби доживотна забрана за присуство на натпреварите на неговиот омилен клуб на стадионот „Сантјаго Бернабеу“. Навивачот дури и го ни гледал триумфот на неговиот Реал над Бенфика од 2:1 бидејќи за брзо бил избркан од стадионот. „Реал Мадрид го осудува овој вид гест и изразување што поттикнува насилство и омраза во спортот и општеството“, стои во клупското соопштение по повод нацистичкиот поздрав. Real Madrid identified a Madrid fan who made a Nazi salute at the start of the match against Benfica and BANNED HIM FOR LIFE. Benfica, even after all the video evidences of racism, said that they won't punish their fans. The difference in class pic.twitter.com/3Hyn6rMGck — LBW (@losblancoswrld) February 25, 2026 Реал Мадрид нацисти навивачи Лига на шампиони Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On