Пренџов: Опозицијата стравува, никој не се одважи да го постави прашањето за Артан Груби, ниту за фабриките за марихуана

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од собраниската говорница на 86 седница на Собранието за пратенички прашања, каде постави три пратенички прашања, од кои две беа поставени до претседателот на Владата, во врска со актуелните случувања за Артан Груби, за што тој истакна и дека никој од опозицијата не се осмели да го постави тоа прашање, како и за фабриките со марихуана, за кои треба да се утврди дали и колку е правен криминал. Последното прашање, Пренџов го постави до министерката за финансии. -Клучно прашање денес, кое што требаше да го постави опозицијата, без притоа да се плаши, да стравува, и да докаже тоа на јавна сцена дека е така, е прашањето со Артан Груби. Тоа е прашањето кое што требаше некој тука да се одважи и да го постави, со цел сите ние да знаеме што се случувало, рече Пренџов и додаде: „Она кое што се случува овие денови, почитуван премиер, вие сте мета на обвинување од страна на СДС, дека имате договор со ДУИ, прво да се пушти Артан Груби да избега од Република Македонија, дека тоа е договор, уверуваат од прес-конференции, како балерина пред огледало кога е сама, притоа кога треба да има натпревар, и овдека да се соочите, тие не ги поставуваат прашањата. Еве ние ќе ги поставиме. Дали имало договор Артан Груби да биде пуштен? Дали и како реагирате на обвинувањата со цел СДС дека сте се договориле да се врати? Значи прво да го пуштите, и потоа да се врати“. Второто прашање исто така беше до претседателот на Владата, во врска со како што вели тој, криминал кој бил од институциите, а и со фабриките за марихуана, за што Пренџов напомена дека повторно, за ова прашање, никој од опозицијата не се одважи да праша. -Почитуван премиер, од ова што можевме да следиме во јавноста, на седница на Влада се разговараше, и вие лично ги задолживте сите институции во рамки на системот да во рок од 45 дена се се провери, се се истражи, со цел да се утврди фактичка состојба: дали и колку е правен криминал поврзан со фабриките со марихуана, коишто каде и да отидете во кој град да отидете, ги гледате или од лево или од десно тие работат, но очигледно не работеле согласно позитивните законски прописи. Почитуван премиер, до каде е и дали може да и откриете нешто на јавноста, до каде се овие истраги, во која насока се движат овие истраги, дали имаме веќе повратно од институциите што ги истражуваат овие криминали?, праша Пренџов. Третото прашање беше до министерката за финансии, или како што кажа тој, за криминали во Буџетот, кои за време на ковид пандемијата и после истата, како што вели тој, ги манипулирале фирмите, дека им помагаат и им даваат средства, за подоцна да ги купат поевтино. -Им воведоа еден солидарен данок со цел максимално, пред одење дома, пред одење во опозиција, да ги исцедат истите тие фирми. Во контекст на ова сакам да ве прашам: до каде е постапката во делот на враќање на солидарниот данок, фирмите тоа го очекуваат, кој е начинот на којшто тоа го правите, и кои се очекувањата на приватниот сектор од страна на овој солидарен данок?, заклучи Пренџов.