Чилаверт во војна со Мбапе и Куртоа: Тие најдоа да зборуваат за вредности

Чилаверт во војна со Мбапе и Куртоа: Тие најдоа да зборуваат за вредности Филип Здравески 26.02.2026 / 13:02 Фудбал Скандалот од Лигата на шампионите со Престиани и Винисиус го вовлече и легендарниот парагвајски голман Хосе Луис Чилаверт, кој без влакна на јазикот удри по Мбапе и Куртоа. Чилаверт го тргна на страна ривалитетот помеѓу Парагвај и Аргентина и застана во одбрана на Џанлука Престиани, велејќи дека Винисиус Жуниор е оној што цело време провоцира. Бидејќи Килјан Мбапе прв не само што застана во одбрана на Вини, туку и тврдеше дека слушнал што Престиани рекол, иако излезе видео снимка на која се гледа дека Мбапе е на растојание и воопшто не реагира на зборовите, што значи дека воопшто на слушнал ништо. „Погледнете кој прв скокна во одбрана на Винисиус… Мбапе! Од сите играчи, Мбапе! Тој најде да зборува за вредности, а живееше со трансвестит, тоа не е нормално. Секој прави што сака во животот, но не е нормално маж да живее со трансвестит“, рече Чилаверт алудирајќи на шпекулациите кои кружат за наводна врска на Мбапе со Инес Рау, трансродова жена. На коментарите на Чилаверт се јави голманот на Реал, Тибо Куртоа, кој му порача дека неговите коментари се срамни. „Коментарите на Чилаверт се срамни. Нема простор за вакви изјави во денешно време, особено од поранешни колеги, ова е нова навреда.“ Чилаверт не штедеше зборови ниту за неговиот белгиски колега. „Куртоа зборува за срам? Па тој му ја украде девојката на соиграчот од репрезентацијата, Де Брујне! Тие цело време зборуваат за вредности, а потоа вакви работи се случуваат.“ Престиани вчера не играше за Бенфика во Мадрид против Реал бидејќи УЕФА го суспендираше само врз основ на тврдењата на Винисиус и без никакви докази. Килјан Мбапе Тибо Куртоа Хосе Луис Чилаверт Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On