Орбан побара од ЕУ да ја провери штетата на нафтоводот „Дружба“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од ЕУ да испрати „мисија за утврдување факти“ за да ја процени штетата на нафтоводот „Дружба“ во Украина и најави дека тоа би можело да помогне во деблокирањето на новото финансирање на ЕУ за Украина, се наведува во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое Ројтерс имал увид. „Унгарија ја поддржува идејата за мисија за утврдување факти со учество на експерти делегирани од Унгарија и Словачка за да се потврди статусот на гасоводот „Дружба“, наведе Орбан во писмото. Орбан посочува дека е свесен за политичките тешкотии предизвикани од одложувањето на огромниот заем од ЕУ за Украина. „Мојата иницијатива има за цел да ја олесни и временската рамка за решавање на ова прашање“, се наведува во писмото. Унгарија оваа недела ги блокираше новите санкции против Русија и заемот за Украина, како одговор на прекинот на протокот на нафта низ нафтоводот „Дружба“. Украина тврди дека нафтоводот сè уште не е поправен откако беше оштетен во руските напади кон крајот на јануари. Нафтоводот „Дружба“ е еден од најголемите системи за транспорт на руска сурова нафта до земјите од Централна Европа и е важен правец на снабдување за Унгарија.