Мицкоски: Филипче е исплашен од тоа што следи по исказите на Артан, многу луѓе се загрижени во овој момент

„Јас и македонската јавност ќе го држи за збор Венко Филипче, за тоа што вчера го кажа во вашата емисија“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на ТВ Сител коментирајќи ги обвинувањата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за наводно постоење на политички договор со ДУИ. Премиерот Мицкоски истакна дека Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам. „Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде потоа политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следи“, дециден е Мицкоски.