Фарук од „Луд, збунет, нормален“ минува низ тежок животен период: „Имав три операции, среќа што сум жив...“

Босанскиот актер Сенад Башиќ (63), на публиката најпознат како Фарук Фазлиновиќ од култната серија „Луд, збунет, нормален“, повторно ѝ се обрати на јавноста по подолг период. Иако се соочува со сериозни здравствени предизвици, тој продолжува активно да работи и да предава глума.