Трипуновски: Хидлолошката состојба во државата е позитива, акумулациите се речиси полни – обезбедивме навремена количина на вода

Во делот на хидрологијата наследнивме една општо хаотична и лоша состојба, на институците кои што работат од тој сектор. Во мометот имаме еден сериозен прогрес на проектот, односно на кредитот на германската KFW банка. Оваа година ќе започнеме со реализација и теренски активности, односно веќе изградба на тие системи кои се започнати. Нешто што беше мисловна именка во времето на СДСМ, проектната единица ја немаа формирано што треба да го реализира проектот, изјави вечерва во „Наткаст“ со Љупчо Цетановски мионистерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Овие година и половина сериозно се работеше, можеби невидливо за јавноста меѓутоа административно, папиролошки се средени сите активности и веќе 2026-та ќе почнеме со реализација на терен, открива министерот Трипуновски. -Ќе има проширување на системите кои што постојат во државата, со цел носење на вода до секоја земјоделска површина. Дополнително, АД „Стопанство“ кое што е евно од најповиканите институции во делот на управување со системите за наводнување на акумулациите има направено одреден план на активности кои што во наредниот период ќе се реаизираат. Целта ќе биде уште поуспешна сезона за наводнување од минатат година, рече Трипуновски. Минатата годнина немавме протести на Овчеполе, каде што изминатите седум години како по шаблон се случуваа. Вода успеавме да доенесеме до општина Лозово, можеби за почеток минимално колични, но сепак ја имаше. Оваа година ќе се трудиме да биде уште поуспешна рече министрот и додаде: -Во однос на другите региони, во делот на Кочани обезбедивме навремена количина на вода. Оваа година со сите капацитети и дополнителната опрема која што ја набави АД„Стопанство“ ќе учествува во чистење и санација на каналите. Во моментов се работи на неколку делници на санаци на тие уптопастени ситеми кои што сме ги наследиле, затоа што 15-ти април е почетокот на сезоната за наводнување. Сакаме да ја дочекаме уште поспремни за разлика од 2025 година, додаде министерот. Хидлолошката состојба во државата е во сериозна позитива, акумулациите се речиси полни, дел од нив се испушта за да се направи нивелација на системите, односно на количината на вода, вели Трипуновски. -Од аспект на тоа „дали ќе имаме доволно вода за покривање на површините“ да, системите се работат, мислам дека овој клучен сегмент во земјоделскиот процес ќе биде навистина во едно завидно ниво за да немаме проблеми во текот на годината, појасни министерот Трипуновски. Гостувањето на министерот цветан Трипуновски погледнете го во продолжение: