Делови од Карпош и Бутел денеска без вода Филип Здравески 27.02.2026 / 08:06 Македонија Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Демир Трајко“ 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Демир Трајко“ и „Партизанска“ краци 1, 3, 5, 7, 9 и 11, Општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. Оттаму известуваат и дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата „Хо Ши Мин“ 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, Општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off