Пирови 41 поен на Дончиќ, Лејкерс повторно загубија НБА 2025/2026 Филип Здравески 27.02.2026 / 10:03 Кошарка Лос Анџелес Лејкерс го претрпеа третиот пораз по ред откако загубија со 113:110 на гостувањето кај Финикс Санс. Ројс О'Нил погоди тројка на 0,9 секунди до крајот за да им донесе победа на домашните, предводени од Грејсон Ален, со 28 поени разлика. Колин Гилеспи погоди четири тројки во четвртата четвртина за да заврши со 21 поен, додека Санс погодија 22 од 50-те шутеви за три поени (44%). Финикс беше без своите двајца водечки стрелци - Девин Букер (истегнување на колкот) и Дилон Брукс (скршена рака). Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерс со 41 поен, 8 скока и 8 асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 15 поени, 6 скока и 5 асистенции. Remote video URL Кевин Дурент постигна 26 од своите 40 поени во второто полувреме, а Хјустон Рокитс за помалку од четири минути ја елиминираа предноста на Орландо од 19 поени и победија со 113:108. Рид Шепард влезе од клупата за Хјустон и додаде 20 поени, погодувајќи пет тројки во второто полувреме. Алперен Шенѓун имаше 16 поени, 6 скока и 5 асистенции. Дезмонд Бејн ги предводеше Меџик со 30 поени, додека Паоло Банкеро додаде 19 поени. Remote video URL Резултати: Индијана Пејсерс – Шарлот Хорнетс 109:133 Филаделфија 76ерс – Мајами Хит 124:117 Атланта Хокс – Вашингтон Визардс 126:96 Бруклин Нетс – Сан Антонио Спарс 110:126 Орландо Меџик – Хјустон Рокитс 108:113 Чикаго Булс – Портланд Треил Блејзерс 112:121 Далас Маверикс – Сакраменто Кингс 121:130 Финикс Санс – Лос Анџелес Лејкерс 113:110 Јута Џез – Њу Орлеанс Пеликанс 118:129 Лос Анџелес Клиперс – Минесота Тимбервулвс 88:94 Табела: Лука Дончиќ Лос Анџелес Лејкерс Кевин Дурент Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On