Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на денеска одржаната 15. седница го разгледа Предлог-законот за органско земјоделство производство и одлучи да го даде на второ читање. Предлог-законот беше единствената точка на дневниот ред на матичното работно тело, а го усогласува националното законодавство со она на Европската Унија. Во текот на расправата пратеникот Сали Мурати пред Комисијата поднесе девет амандмани, со посочени неколку технички измени на текстот, за кои како што рече, имаат за цел подобрување на законското решение. Комисијата не ги прифати неговите амандмани. По усвојувањето на предлог-законот во второ читање тој ќе биде доставен на расправа во Собранието.