Галатасарај: Порано или подоцна Чалханолу ќе игра за нас

Галатасарај: Порано или подоцна Чалханолу ќе игра за нас Филип Здравески 27.02.2026 / 13:10 Фудбал Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханолу, сакаше да се пресели во Галатасарај минатото лето, трансферот ќе се случеше доколку во Милано стигнеше соодветна понуда, додека неодамна во јануарскиот преоден рок лидерот во Серија А ја отфрли можноста да се откаже од толку важен играч во период кога се бори за двојната круна во Италија. Но, шампионот на Турција не се откажува од одличниот играч за врска, пораката од клубот е јасна. „Се обидовме и во јануари, Интер одби“, рече потпретседателот на Галатасарај, Абдула Кавукџу и додаде: „Хакан е икона на турскиот фудбал. Не знам кога ќе се случи тоа, но дефинитивно ќе го носи дресот на Галатасарај“, рече Кавукџу. Чалханолу има 32 години, одигра дури 102 натпревара за турската репрезентација, но никогаш не играл за клуб од својата земја. Роден е во Германија, а пред Интер играше за Карлсруе, Хамбургер, Баер Леверкузен и Милан. Галатасарај Хакан Чалханолу Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off