Средба Мицкоски-Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер. На средбата, информира Мицкоски, разговарале за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа. -Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдивме заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот. Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности, објави Мицкоски.