Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и -за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година