Унапредување на билатералната соработка, продлабочување на економските и политичките односи во фокусот на средбата Мицкоски – Грлиќ Радман

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на која, како што информира, разговарале за унапредување на билатералната соработка, продлабочување на економските и политичките односи, како и за заедничките европски перспективи и регионалната стабилност. На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била потврдена подготвеноста за натамошна соработка и заемна поддршка во интерес на двете земји. Денеска остварив средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. На... Posted by Hristijan Mickoski on Friday, February 27, 2026 Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, од вчера престојува во официјална посета на Македонија. Во фокусот на посетата, како што најавено, се соработката во рамките на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.