Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни места, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, додека пак забележано е и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година - објави Николоски на Фејсбук. Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата... Posted by Aleksandar Nikoloski on Friday, February 27, 2026 Во истиот пресметковен период, Николоски посочува дека, во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 илјади патници што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии. (МИА)