Гаши оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработка што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. На меѓународен план двете држави имаат исти цели и интереси а тоа е членството во Европската унија, меѓусебна поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и да ја продлабочуваат регионалната соработка. Тој изрази очекување и надеж дека две држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција затоа што тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија туку и за останатите земји од регионот од Западниот Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатерални парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат скоро секоја година. Претседателот Бегај истакна дека Република Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и се пример за соработка во регионот. Истакна дека е подобрена соработка во многу сфери од заеднички интерес што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави Останува определбата за уште поголема соработка особено во економската сфера. Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и Албанците кои што живеат во двете земји и претставуваат мост на градење на стабилни и пријателски односи. Патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал. Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.