(ВИДЕО) Трамвај излета од шините и удри во зграда во Милано: Загина пешак, речиси 40 повредени

Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина најмалку едно лице, а 40 се повредени, некои сериозно. Несреќата се случила околу 16:00 часот денес, кога трамвајот излетал од шините на Виа Виторио Венето во северниот дел на градот, пишува Би-Би-Си. Според првите информации, преполниот трамвај удрил странично во зградата. Се верува дека загинатиот е пешак, додека повеќето од повредените се патници од возилото. Бројни екипи за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а има и извештаи за луѓе заробени во урнатините. Припадници на цивилната заштита поставиле шатор за да им пружат помош на жртвите. ITALIE : Au moins un mort et 20 blessés dans le déraillement d'un tramway à #Milan , qui s'est encastré dans un immeuble (police). pic.twitter.com/9WpwioJ7X1 — Infos Françaises (@InfosFrancaises) February 27, 2026 Патниците опишале како, непосредно пред несреќата, слушнале бучава под трамвајот, по што возилото скршнало, забрзало и се удрило во зградата. „Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници“, изјавил еден маж за новинската агенција Анса. „Беше ужасно“. „Само што слушнав ужасен тресок“, изјави за АФП 27-годишната Ана, која била во блиската канцеларија. „Видов како дел од трамвајот влегува во продавницата“. Засега не е јасно што предизвикало трамвајот да излета од шините, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби пребрзо влегло во остра кривина. На местото на несреќата пристигнале и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, и други градски службеници. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=lNELSPaTtZY[/embed]