Мозокот и либидото: Што се случува кога невролошки или психички проблеми ја блокираат интимната желба?

Сексуалноста не е одвоена од мозокот, напротив, токму мозокот е нејзиниот главен „диригент“. Психолозите често велат дека мозокот е најмоќниот полов орган, а тоа го потврдува и новиот концепт наречен невросексуалност – пристап што го проучува односот меѓу мозочната функција и сексуалниот одговор, пишува „Е-клиника“.