Иран ја нападна американската морнарица во Бахреин Александра Спасеска 28.02.2026 / 11:22 Свет Според државната новинска агенција BNA на Бахреин, седиштето на Петтата флота на американската морнарица „беше под ракетен напад“ утрово. Петтата флота на американската морнарица ги надгледува операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан. Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на својот профил на платформата X дека се активирани сирени и ги повика граѓаните и жителите да побараат засолниште. Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите „биле насочени кон локации и објекти во рамките на границите на Кралството“ и дека биле лансирани надвор од нејзината територија. ‼️ [ IRAN | ÉTATS-UNIS | BAHREÏN ] L’Iran aurait attaqué la base Naval Support Activity (NSA) de l’US Navy à Bahreïn pic.twitter.com/CRS8N95VZR — Little Think Tank (@L_ThinkTank) February 28, 2026 Иран САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро Off