Скопјанец бил дилер во Охрид, еве како падна во рацете на полицијата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој, неовластено набавил марихуана и семки од канабис, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист. При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки канабис,  а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.