Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска - Давкова за утре - 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.