[ФОТО] Пронајден уникатен килибар стар помеѓу 30 и 50 милиони години

Уникатен примерок од килибар стар помеѓу 30 и 50 милиони години, кој е создаден благодарение на ларвите на древен тврдокрилец, е откриен за време на рачно сортирање во Калининградскиот комбинат за килибар на државната корпорација Ростех.