Убиен шефот на иранската армија кој жестоко им се закануваше на САД пред 5 дена Александра Спасеска 01.03.2026 / 11:06 Свет Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили, Абдолрахим Мусави, е убиен во нападите врз Иран. Мусави беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти кои наводно беа цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел. Патем, токму Мусави беше тој што пред пет дена, во име на иранската влада, им се закани на САД на најсилниот можен начин. „Ако овојпат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави. Иран Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On