Путин за убиството на Хамнеи: Кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право

Путин за убиството на Хамнеи: Кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право Александра Спасеска 01.03.2026 / 12:31 Свет Рускиот претседател Владимир Путин официјално за прв пат коментираше за нападите на САД и Израел врз Иран и одмаздничките напади што следеа. Тој ја нарече таргетираната елиминација на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, „цинично убиство“, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Според Путин, овој чин ги прекршил „сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, пишува CNN . Путин додаде дека Хамнеи ќе биде запаметен во Русија како „извонреден државник“. Москва и Техеран се клучни сојузници со години. Иран ѝ обезбедуваше на Русија воена поддршка, вклучувајќи беспилотни летала и балистички ракети, и ѝ помогна на Москва да изгради капацитети за производство на беспилотни летала за војната во Украина. Изјавите доаѓаат еден ден откако руското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, опишувајќи ги како „непромислен чекор“ и „неиспровоциран чин на вооружена агресија“. Владимир Путин Русија Иран Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On