Претседателот на Иран: Убиството на ајатолахот е отворена објава на војна против муслиманите

Претседателот на Иран: Убиството на ајатолахот е отворена објава на војна против муслиманите Александра Спасеска 01.03.2026 / 12:45 Свет Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека земјата има целосно право да одговори во големи размери по убиството на ајатолахот Али Хамнеи. Во говорот на иранската државна телевизија, претседателот на земјата рече дека атентатот врз ајатолахот е објава на војна против муслиманите низ целиот свет. „Атентатот врз највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат шиитски лидер низ целиот свет... се перцепира како отворена објава на војна против муслиманите, особено шиитите, насекаде во светот“, рече Пезешкијан во изјавата што ја пренесе државната телевизија. Тој додаде дека одмаздата за атентатот врз Хамнеи е право и обврска на Исламската Република. „Исламската Република Иран смета дека е своја легитимна должност и право да ги одмазди сторителите и организаторите на ова историско злосторство“, рече Пезешкијан. Пезешкијан рече дека Хамнеи ја предводел Исламската револуција со мудрост и храброст, го носел знамето на исламскиот фронт и создал ново поглавје во исламското управување со својата силна вера. Тој додаде дека оние што учествувале во планирањето на нападот ќе зажалат за своето учество. Иран Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On