Обиколницата кај Крива Паланка, која беше реконструирана, денеска е свечено пуштена во присуство на владини претставници. Се работи за пат во должина од 4,5 километри и ширина од 7,5 метри со поставена хоризонтална и вертикална сигнализација. Со реконструкцијата опфатени се и двата моста.