Саудиска Арабија пресретна ракети насочени кон аеродромот во Ријад и воздухопловна база

Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала ирански ракети насочени кон меѓународниот аеродром во Ријад и воздухопловната база Принц Султан, во која е сместен американски воен персонал. „Противвоздушната одбрана успешно пресретна ирански ракети во близина на аеродромот во Ријад и воздухопловната база Принц Султан денеска попладне“, изјави неидентификуван извор, кој побара анонимност за да разговара за чувствителни прашања. Пресретнувањето не ја нарушило навигацијата, ниту предизвикало никакви човечки или материјални загуби. Очевидец во близина на аеродромот рекол дека „ја видел и ја слушнал воздушната одбрана како ја пресретнува ракетата на небото“. Аеродромите во Дубаи, Абу Даби, Кувајт и Манама, исто така, биле цел на ирански напади, а властите пријавиле еден смртен случај во главниот град на Емиратите во „инцидентот“ во објектот. Саудиска Арабија сместува американски бази и персонал, иако поголеми објекти се наоѓаат во Бахреин и Катар.  (МИА)