Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија. Македонија ја завршува модернизацијата на источното крило на Коридор 8, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го започна оваа Влада и го заврши оваа Влада. Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целосно го развиваме источното крило на Коридор 8, посочи вицепремиерот Николоски.