ХАОС НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Убиен ајатолахот Хамнеи – Иран возврати со ракети, регионот на раб на голема војна

Блискиот Исток се соочува со драматична ескалација откако, според ирански медиуми, врховниот лидер Али Хамнеи бил убиен во израелско-амерички напад. Техеран веднаш возврати со ракетни удари врз Израел и земјите од Персискиот Залив, додека светските сили се подготвуваат за можен поширок конфликт. Нападнати се цивилни објекти, затворени се амбасади, а заканите за „невидена сила“ дополнително ја зголемуваат тензијата во регионот.