Еве уште еден од многуте рецепти за полнети печурки, единственото нешто што можеби го прави овој различен од другите е тоа што е целосно лесен и наменет за вегетаријанци... но и за оние кои не се... Состојки: 500 грама свежи печурки 1 морков 1 тиквичка парче целер 1 црвена пиперка 1 домат 1 лажица маслиново масло 1 лажица ајвар сув зеленчук, бибер 1 лажица соја сос 0,5 дл бело вино сецкан магдонос и лук Подготовка: Свежи, средни бели печурки, измијте ги и исушете ги со крпа, потоа исечете ги и издлабете ги. Ситно исецкајте ги морковите, пиперката, доматот, целерот и тиквичката, и варете ги на пареа неколку минути. Ставете го зеленчукот во сад, додадете зачини, една лажица масло и ајвар, па измешајте се. Во огноотпорен сад ставете малку маслиново масло и бело вино, наредете ги печурките и попрскајте ги со малку соја сос. Наполнете ги обилно и додадете ситно сецкан магдонос и лук, печете на 200C десет минути. (МИА)