По седум години поминати во УНИБанка АД Скопје, на позиција Претседател на Управен одбор, г-ѓа Милка Тодорова својата професионална кариера ја продолжува во нови предизвици. Функцијата Претседател на Управен одбор ќе ја извршува до 31.05.2026 година. „Периодот поминат во УНИБанка АД Скопје претставува значаен и исклучително вреден дел од мојата професионална кариера. Заедно со тимот од врвни банкарски професионалци, надминавме бројни предизвици, придонесувајќи кон исклучителни резултати во работењето. Денес, УНИБанка АД Скопје се препознава како стабилна, иновативна и современа, со силен фокус на дигиталната трансформација, безбедноста и одржливиот општествен развој. Верувам дека тимот ќе продолжи со истата енергија, визија и посветеност во реализацијата на започнатата стратегија, водејќи ја Банката кон нови успеси и уште поголеми достигнувања.„ – изјави г-ѓа Милка Тодорова. „Г-ѓа Милка Тодорова учествуваше во креирање на стратегии што резултираа со раст и јасно диференцирање на Банката на пазарот. Значително придонесе кон растот и развојот на УНИБанка АД Скопје, зајакнувајќи ја репутацијата на Банката и одржувајќи прифатливо ниво на ризик. Во текот на нејзиниот мандат, капиталот и добивката се удвоени, при што Банката ја зачува својата финансиска стабилност. Благодарни сме за нејзиниот професионален ангажман и лидерство, во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана за назначувањето на нов Претседател на Управниот одбор„ - изјавија од УНИБанка АД Скопје. УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. Минатата година оствари добивка од 8 милиони евра, бележејќи истовремено раст во сите сегменти од банкарското работење. Овие резултати ја потврдуваат стабилната стратегија, ефикасното управување и континуираното зајакнување на позицијата на Банката.