Без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираа дека поради уличен дефект на ул. Македонско Косовска Бригада 3/61 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Македонско Косовска Бригада, вклучително и Балкански Универзитет. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со санација на дефектот.