Руте утре во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. После пладне е закажана заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Руте. Предвидено е да се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Руте ќе присуствува и на показна вежба на Армијата. Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија. Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО Јенс Столтенберг.