ПО ГРЕШКА СОБОРЕНИ: САД се огласија по уривањето на борбените авиони во Кувајт, еве што се случило со трите Ф-15

Централната команда на САД соопшти дека три американски борбени авиони биле соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“. Кувајтската воздушна одбрана погрешно соборила три борбени авиони F-15E Strike Eagle доцна во понеделник навечер по источно време. „За време на активните борбени операции, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, борбен авион на американските воздухопловни сили беше погрешно соборен од кувајтската воздушна одбрана“, се вели во соопштението. „Сите шест члена на екипажот успешно се катапултираа, беа пронајдени безбедни и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент и ние сме благодарни на кувајтските одбранбени сили за нивните напори и поддршка во оваа операција“. Причината за инцидентот е под истрага, соопшти ЦЕНТКОМ. Авионите учествувале во воена операција против Иран наречена „Операција Епски бес“. Министерот за одбрана на Кувајт изјави претходно во понеделник наутро дека се урнале „неколку“ американски борбени авиони.