Кој е Иранецот од „FNC“? Му скршиле стол од глава, го избоделе и се обиделе да го застрелаат

Новиот шампион во тешка категорија на „FNC“ е Хатеф Моел, иранско-германски борец кој е во импресивна серија од 13 последователни победи. Својата доминација ја потврди и на настанот на „FNC“ во Минхен, каде што по победата над Иван Витасовиќ го освои шампионскиот појас. Моел е борец кој привлекува внимание не само со квалитетот и ефикасноста во кафезот, туку и со својата личност, а нема пораз уште од 2018 година.