На 01.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на влез за с.Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од З.Ш.(21) и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(56), двајцата од с.Десово, општина Долнени. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница во Прилеп, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.