Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка Александра Спасеска 02.03.2026 / 14:05 Филм & ТВ Доделувањето на наградите SAG - Screen Actors Guild Awards (Награди на здружението на филмски актери), се одржа во Shrine Auditorium and Expo Hall во Лос Анџелес, а филмот Sinners во режија на Рајан Куглер постигна голем успех. Актерите на Sinners ја освоија наградата за најдобра актерска екипа. Мајкл Б. Џордан беше награден за најдобар актер во главна улога во истиот филм. Remote video URL Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка во главна улога во филмот Hamnet. Наградата за најдобар актер во споредна улога му припадна на Шон Пен за One Battle After Another. Најдобра актерка во споредна улога е Ејми Мадиган за Weapons. Remote video URL Наградата за најдобри каскадерски сцени ја освои екипата на филмот Mission: Impossible - The Final Reckoning. Кога станува збор за серии, наградата за најдобра актерска екипа во драмска серија им припадна на актерите во медицинската драма The Pitt , а за комедија на екипата на серијата The Studio. Remote video URL Најдобар актер во драмска серија е Ноа Вајли во The Pitt . Најдобра актерка во драмска серија е Кери Расел во The Diplomat. Remote video URL Наградата за најдобар актер во комедија му припадна на Сет Роген во The Studio. Кетрин О'Хара беше постхумно прогласена за најдобра актерка во комична серија, исто така во The Studio. Remote video URL За најдобар актер во минисерија беше прогласен Овен Купер за Adolescence. Најдобра актерка во минисерија е Мишел Вилијамс (Dying For Sex). Харисон Форд ја доби наградата за животно дело. Remote video URL Ова е последниот голем филмски настан пред Оскарите на 15 март, а добитниците на наградите дефинитивно ги рекалибрираат очекувањата за победите во главните категории. SAG награди Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On