ВИДЕО: Младиот кумановски артист Луце го претстави најновиот сингл „Магазин“

Младиот кумановски уметник Луце со нов музички спот во етер за најновиот сингл насловен како „Магазин“. Со својата песна тој продолжува амбициозно да го гради неговиот урбан стил и уникатен звук, кој се состои од мешавина на повеќе жанрови (хип-хоп, р'н'б и поп). Самиот Лука Стојмановски – Луце е текстописец и изведувач, а композицијата и продукцијата се на Христијан Трендафиловиќ – Fleggma и TopicBeatz. За снимањето на вокалите, миксот и аранжманот се погрижи Андреј Зафировски – Заф, додека пак финалниот аудио печат на микс, мастер, заедно со звучните ефекти ги комплетираше Давид Ивановски. Видео записот за „Магазин“ e режиран, снимен и монтиран од страна на Димитар Долгоски – Лорд. Во улога на продукциски менаџер се јавува Никола Давитков, кој исто така се погрижи за органзацијата и извршната продукција. Проектот е објавен, заштитен и реализиран од издавачката куќа Mediator Ent. Преку „Магазин“, Луце потврдува дека полека, но сигурно достојно чекори напред кон етаблирање на домашната македонска сцена. Пред сѐ, првично со пробивањето на локално ниво се зачувува културното богатство, а тоа е дијалектот, за понатаму да може да се продре и националниот, а зошто да не и регионален пазар. Неговата изјава во прилог: „Сакам да ја искористам оваа прилика да изразам огромна благодарност и почит до сите што помогнаа во реализацијата на проектот. Без поддржувачите, Рагуза 360, Денто-Медикал, Бистра Вода, Авто Плац Донче и повторно Худман и Лондон Бутик од Куманово, овој музички спот немаше да изгледа онака како што изгледа. Исто така, сум неизмерно благодарен на публиката, фановите кои се тука од првиот ден и најавувам дека допрва следат многу нови, извонредни проекти, а за тоа што следи ќе ви откриеме наскоро...“ [embed]https://www.youtube.com/watch?v=NYNEJvMwEzY[/embed]