Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху денеска го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета, објави Египт индепендент. Иран утрово изврши напад во кој беше погодена канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а неговата судбина во моментов е непозната, соопшти Иранската револуционерна гарда. Во текот на денот се појавија информации дека можеби е извршен атентат врз Нетанјаху. Нетанјаху ја проверуваше штетата откако ракета, наводно, успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да уништи синагога, при што загинаа најмалку девет лица, објави Скај њуз. Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините од нападот. Во вчерашниот напад со иранска балистичка ракета врз Беит Шемеш, кој се наоѓа на околу 30 километри западно од Ерусалим, најмалку девет лица загинаа, а 23 беа повредени, според Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA). Повеќето од загинатите се засолниле во јавно засолниште, а според началникот на полицијата на округот Ерусалим, Авшалом Пелед, веројатно имало директен удар врз засолништето. „Повеќето, ако не и сите, од загинатите биле таму“, рече Пелед. Ракетата погодила станбена зона во градот, уништила синагога и предизвикала голема штета на јавно засолниште и околните куќи. Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu said, ‘You can see the difference: the tyrants in Tehran target civilians, while we target the tyrants of Tehran to protect civilians.’ pic.twitter.com/hCkb371vDb — ME24 - Middle East 24 (@MiddleEast_24) March 2, 2026