Инфлуенсерка во Дубаи ги снимила проектилите, па со една реченица ја разбеснила јавноста

Австралиската инфлуенсерка Луиз Старки, која живее во Дубаи, се најде на удар на остри критики откако на Инстаграм објавила снимка направена во момент кога противвоздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати пресретнувала ирански проектили.