Руте: Секогаш сме подготвени да одвратиме и да се браниме од секакви закани, од која било насока

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека разговарал за Иран и регионалната безбедност со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека двајцата лидери се согласиле за важноста на пристапот од 360 степени на алијансата кон безбедноста и нејзината подготвеност да одврати и да се брани од закани од која било насока. „Секогаш сме подготвени да одвратиме и да се браниме од какви било закани, од која било насока“, објави Руте на „Икс“. За време на разговорот со генералниот секретар на НАТО, Ердоган рече дека на дипломатијата мора да ѝ се даде шанса за да се постигне траен, одржлив мир, соопшти турското претседателство.