[ФОТО] Скелет на диносаурус ќе биде понуден на аукција: Стар е 66 милиони години, долг 5,3 метри, а цената…

Скелет од трицератопс, кој со децении се наоѓал во музеј во американската сојузна држава Вајоминг, сега ќе биде понуден на аукција, што е редок случај еден фосил на диносаурус од музеј да се најде на продажба, во момент кога на пазарот владее рекордна побарувачка за овие праисториски џинови, пренесе денеска АП.