Заврши увидот на местото на трагедијата во Карпош, ова се деталите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете. Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази. Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот.