Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во скопски Карпош

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во скопски Карпош Александра Спасеска 03.03.2026 / 08:13 Хроника Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде вчера попладнето животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда. „Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале“, соопшти вчера МВР. Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот. „Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази. Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On